Свет 06. октомври 2020. / 09:45

Алексеј Навални номиниран за Нобелова награда за мир

Алексеј Навални номиниран за Нобелова награда за мир

Рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални е номиниран за Нобеловата награда за мир. Навални е со децении еден од најпознатите критичари на Кремљ и упорно работи на откривање на корупцијата во високите кругови на власта.

Во август годинава Навални беше пренесен во Германија, откако почувствува здравствени тегоби за време на авионски лет во Русија.

Берлин и други европски држави тврдеа дека тој бил отруен со „новичок“. Навални во интервју за „Шпигел“ го об вини Владимир Пујтин за обид за убиство, но Москва ваквите обвинувања ги отфрли.