Свет 08. март 2020. / 19:10

Алармантни бројки: 1300 заразени и 133 починати во Италија во последните 24 часа!

Алармантни бројки: 1300 заразени и 133 починати во Италија во последните 24 часа!

Италијанските власти објавија нови податоци за бројот на заразени и починати од коронавиросот во земјата.

Вкупниот број на заболени е 6387 што е за 1326 повеќе од вчера. Бројот на починати, пак, досега е 366 лица за разлика од вчера кога беше соопштена бројка од 233-ца починати.

На интензивна нега се 650 пациенти, од кои 399 се во Ломбардија, каде од денеска се воведени вонредни мерки за да се спречи ширење на коронавирусот.