Свет 23. јуни 2018. / 21:42

Ако се Скандинавските земји „најсреќни“ на светот, зошто се меѓу најголемите корисници на антидепресиви?

Ако се Скандинавските земји „најсреќни“ на светот, зошто се меѓу најголемите корисници на антидепресиви?

Според студија која ја објавува угледниот ФОРБС, Скандинавските земји, кои според анкетите се наводно најсреќните луѓе на светов, се всушност најголемите корисници на антидепресиви. Меѓу осумте најголеми корисници на анти-депресиви во светот, се наоѓаат четирите скандинавски држави.

Апсолутен шампион е Исланд, каде 118 лица од 1000 користат анти-депресиви, додека истражувањата во Данска велат дека дури 60% од малолетниците користат анти-депресиви.

Како и на кој начин е измерена среќата кај овие граѓани, останува дискутабилно, имајки во предвид дека се работи за апстрактно чувство за кое не постои никаква единица мерка. Од друга страна, податоците за конкретното користење на анти-депресивите, се во комплетна спротивност со наводно измерената среќа.