Свет 08. јуни 2018. / 11:26

Ако не може да се одржи Евросонг во Ерусалим, Израел нема да биде домаќин на Евросонг 2019

Ако не може да се одржи Евросонг во Ерусалим, Израел нема да биде домаќин на Евросонг 2019

По прогласувањето на победата на Евросонг 2018, пејачката Нета ја покани публиката следната година на големо шоу во Ерусалим. Тамошното Министерство за култура е со став дека ако не може да се одржи фестивалот во Ерусалим, можно е воопшто да не бидат домаќини на Евросонг 2019.

Министерката за култура Мира Регев изјави дека пред власта ќе побара организирање на изборот во Ерусалим.

– Мислам дека ако Евровизијата не е во Ерусалим, би било погрешно да се потрошат 14 милиони долари доколку не постои можност светот да ја види израелската престолнина. Главен град на нашата држава е Ерусалим и не треба да се срамиме од тоа , изјавила Регев.

Претходно, изборот за песна на Евровизија два пати бил одржан во Ерусалим и тоа во 1979 и 1999 година.

Во фокусот на настаните е и откажувањето на фудбалскиот меч, поради заканите на Палестинците кон фудбалерот Лионел Меси, но и преместувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.