Акциите на европските берзи забележаа пад на првиот трговски ден во новиот квартaл откако економските податоци од Азија укажаа на трајна штета од пандемијата на корона вирус и предизвикаа страв од длабока глобална рецесија.
Паневропскиот индекс СТОКС 600 забележа пад од 2,4 отсто по вчерашното завршување на најлошиот квартл во последните 18 години.
Мерките преземени за запирање на ширењето на вирусот Ковид-19 ја запреа и деловната активност и ја зголемија заканата за губење на компаниите и масовни отпуштања на работниците.
Според денешните податоци, во март фабричката активност во поголем дел од Азија била во пад, бидејќи пандемијата го парализира синџирот на снабдување, при што извозот на Јапонија и на Јужна Кореја го засени умереното подобрување на економската активност во Кина.
Индексот на најликвидни акции на Лондонската берза ФТСЕ 100 забележа пад од 2,5 проценти, додека акциите на финансиските комании се намалија за 7,0 отсто, откако голем број на банки во Велика Британија ја стопираа исплатата на дивиденда со цел да ја зголемат ликвидноста.