Свет 28. јуни 2019. / 19:32

Ајви кој го дизајнираше ајфонот заминува од Епл и ќе формира сопствена компанија

Ајви кој го дизајнираше ајфонот заминува од Епл и ќе формира сопствена компанија

Британецот сер Џонатан Ајви, кој за две децении му помогна на американскиот технолошки џин Епл да стане највредната компанија во светот, најави заминување и формирање сопствена компанија Лавфром. Дизајнерот ан ајмек, ајпод и ајфон ќе формира нова компанија до крајот на годината, а првиот клиент ќе му биде Епл, јавува Би-би-си.

Ова изгледа како природен и мирен момент за промена, кажа Ајви.

Ајви стана шеф на дизајнерското студио на Епл во 1996 година, во момент кога компанијата беше во лоша финансиска состојба и делеше откази. Пресвртот почна во 1998 година со ајмек на Ајви, а продолжи во 2001 со ајподот и во 2007 со ајфонот и низа други популарни уреди.

По речиси 30 години и безброј проекти, најмногу сум горд на трајната трага што ја оставивме зад себе, создавајќи го дизајнерскиот тим на Епл, процесот и културата кои немаат конкуренција, изјави сер Џон.

Меѓу последните проекти на Ајви е завршувањето на новата централа на Епл, ултра модерниот комплекс Епл парк.