Компанијата „Аирбнб“ соопшти дека ги откажува резервациите за сместување во Пекинг до 29 февруари, поради ширењето на корона вирусот во Кина.
– Во контекст на ширењето на новиот коронавирус и упатствата на локалните власти за време на оваа вонредна здравствена ситуација, резервациите на сите огласени капацитети во Пекинг од 7 до 20 февруари се откажани – соопштија од „Аирбнб“.
Портпарол на компанијата изјави дека таа одлука важи само за Пекинг и додаде дека „Аирбнб“ ја анализира ситуацијата и работи според упатставата на локалните власти.