Свет 22. мај 2019. / 10:32

Афроамериканка којa е хомосексуалка е избрана за градоначалник на Чикаго

Афроамериканка којa е хомосексуалка е избрана за градоначалник на Чикаго

Лори Лајтфут е избрана за градоначалник на Чикаго и таа е прва афроамериканка на позицијата градоначалник на третиот најголем град во САД.

Со години се зборува дека Чикаго не е подготвен. Ќе бидеме подготвени, бидејќи реформите се тука, рече Лајтфут откако положи заклетва на преземањето на функцијата, објави Гласот на Америка.

Таа, исто така, додаде дека ниту еден официјален претставник не треба да профитира од својата функција, како и дека ќе спроведе полициски реформи.

Лајтфут, 56-годишна демократка, е поранешна американска јавна обвинителка. Таа исто така е првиот градоначалник на Чикаго која отворено кажа дека е хомосексуалка.