Свет 22. јуни 2018. / 14:25

Аеродромот во Орландо ќе ги скенира лицата на сите патници

Аеродромот во Орландо ќе ги скенира лицата на сите патници

Најпрометниот аеродром во Орландо, ќе стане првиот во САД кои ќе ги скенира лицата на сите панитци од сите дојдовни и појдовни летови, вклучувајќи и американски граѓани, соопштија денеска од аеродромот.

Поборниците за правата на граѓаните се загрижени што ќе се случува со собраните податоци, бидејќи не постојат правила за нивно управување, како и што ако се случи патник по грешка да биде спречен да влезе во авионот.

Аеродромите во Атланта, Бостон, Чикаго, Хјустон, Лас бегас, Мајами, Њујокр и Вашингтон веќе ги скенираат лицата на патниците, но не сите меѓународни патници, како што тоа ќе се прави на аеродромот во Орландо, пренесува АП.

Сликата на лицата ќе биде споредена со биометриската база на секторот за внатрешна безбедност, кои би требало да бидат на летот, и да се верифицира идентитетот на патникот.