Австрискиот адвокат Николаус Раст кој во претходно судење го бранел убиениот терорист Кујтим Фејзулаи вели дека тој растел во сосема нормално семејство, но дека имал несреќа да се дружи со погрешни луѓе.
– Да не одеше во џамија, туку на бокс, ќе станеше боксер, вака Раст го опишал својот поранешен штитеник, кој синоќа направи масакар во Виена.
Виенскиот адвокат истакнал и дека никогаш не би помислил дека Фејзулаи би можел да стане атентатор. Инаку, Раст го бранел Фејзулаи, момче со албанско-македонско потекло, на судењето во април минатата година кога е осуден на затворска казна од 22 месеци заради обид да се приклучи на Исламската држава во Сирија. За него се дозна откако мајка му го пријави за исчезнат, па се шокажа дека се обидел да отпатува на ратиште во Сирија.
Раст кој го осудува терористичкиот напад рекол дека Фејзулаи како тинејџер редовно одел во една џамија каде се радикализирал и уште го дефинирал како момче без ориентација, кое барало место во животот. За време на неговата затворска казна за дерадикализацијата се грижело здружението Дерад кое е специјализирано за тоа. А кон крајот на минатата година било оценето дека Фејзулаи повеќе не е опасен и бил пуштен од затвор пред време.