Свет

Адвокатот на израелскиот премиер осомничен за земање мито и перење пари

Адвокатот на израелскиот премиер осомничен за земање мито и перење пари

Израелската полиција денеска соопшти дека располагаат со доволно докази за покренување на обвинение против адвокатот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Дејвид Шимрон.

Адвокатот се товари за судир на интереси во случајот со купувањето на германски подморници вредни 2 милијарди долари.

Полицијата соопшти дека имала доволно докази за да го обвини Шимрон за земање мито и перење пари, објави АП.