Германскиот гигант за спортска опрема „Адидас“ се подготвува да го продаде својот бренд „Рибок“ по неуспешно преструктуирање, пренесува „Форбс“.
„Адидас“ планира да ја заврши таа продажба до март 2021 година, објави германскиот деловен магазин „Меџер магазин“, без да ги именува своите извори.
Според магазинот, германската компанија формирала тим кој работи на тоа, а членовите на тимот потпишале клаузула за доверливост.
Се додава дека, иако извршниот директор на Адидас, Каспер Рорстед се надеваше дека ќе добие околу две милијарди евра за Рибок пред пандемијата, сега тој веројатно ќе мора да се задоволи со помала сума.
Според магазинот „Менаџер“, меѓу заинтересираните за брендот „Рибок“ се и ВФ Корп, која ги има Тимберленд и Норт Фејс, како и кинескиот холдингс Интернешнл група Анта.
Портпарол на Адидас за Блумберг изјави дека германската компанија не ги коментира гласините на пазарот.
Рибок, чие седиште е во Бостон, беше третиот најголем спортски бренд во светот пред „Адидас“ да го купи во 2006 година за 3,8 милијарди долари.
Адидас го купи со цел поуспешно да се бори со лидерот на американскиот пазар, Најк. Сепак, падот на продажбата на Рибок во последните неколку години ги натера инвеститорите да побараат од „Адидас“ да го продаде брендот што носи загуби.