Свет 08. април 2020. / 09:52

Абе: Вонредна состојба може да заврши за еден месец

Абе: Вонредна состојба може да заврши за еден месец

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе во средата изјави дека вонредната состојба во неговата земја може потенцијално да заврши за еден месец, доколку граѓаните ги почитуваат насоките на владата во врска со спречувањето на ширењето нa новиот корона вирус.

Абе истакна дека најзначајната инструкција за граѓаните е „да се намали контакт со луѓе за најмалку 70%, или по можност 80%“. Тој, исто така, истакна дека бил информиран дека голем број домашни фирми сега од далечина ги извршуваат своите активности.

Вонредната состојба, која беше објавена вчера, ги опфаќа Токио, Канагава, Саитама, Чиба, Осака, Хиго и Фукуока, а предвидено е да заврши на 6 мај.