Свет 06. мај 2020. / 16:42

Абе: Антивирусниот лек „ремдесивир“ ќе биде одобрен во Јапонија на 7 мај

Абе: Антивирусниот лек „ремдесивир“ ќе биде одобрен во Јапонија на 7 мај

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, откри денеска дека лекот „ремдесивир“ против Ковид-19 треба да биде одобрен во азиската земја во четврток, 7 мај.

Ремдесивир, создаден од биофармацевтската компанија „Гилеад науки“, веќе започна да се користи за лекување на пациенти заразени со оваа болест во Соединетите американски држави.

Абе претходно изјави дека ќе побара и одобрување на друг третман користен против вирусот наречен Авиган, велејќи дека лекот може да добие зелено светло од здравствените власти на земјата до крајот на месецот.