Директорот на иранската Организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи, изјави дека Исламската Република има 950 тони ураниум во своите резерви.
Според официјалните податоци, тоа се 400 тони повеќе отколку што имаше во 2015 година, кога беше потпишан Договорот за иранската нуклеарна програма, објави АП.
Иранската нуклеарна програма и Договорот за нуклеарна енергија со Иран веќе подолг период е во фокусот на сите влијателни светски организации и држави, особено САД, НАТО и ЕУ.