Свет 06. февруари 2021. / 21:02

95-годишна Германка обвинета за помагање во 10.000 убиства во нацистички логор

95-годишна Германка обвинета за помагање во 10.000 убиства во нацистички логор

Германски обвинители покренаа обвинение против поранешна секретарка во нацистичкиот логор Штутхоф, која сега има 95 години, обвинувајќи ја за соучество во убиства на 10 000 луѓе.

Старицата за која се наведува дека се вика Ирмгард Ф. била на стенограф и секретарка на командантот на логорот во близината на Гдањск во денешна Полска од јуни 1943 до април 1945 година, пренесува БиБиСи.

Во моментов старицата живее во старечки дом во близината на Хамбург. Ќе и се суди пред суд за малолетници, бидејќи во времето кога делата за кои се терети биле извршени била малолетна.

– Според обвинението, таа им помагала на одговорните во логорот во системското убивање на еврејски затвореници, советски воени затвореници и полски партизани. Обвинета е дека помогнала во повеќе од 10 000 случаи на убиства, наведуваат обвинителите од германскиот град Ичеха во покраината Шлезвиг-Холштајн.

Сè уште не е познато дали на крајот ќе и се суди.