Свет 06. декември 2019. / 09:55

7 загинати во експлозија во фабрика за пиротехнички средства

7 загинати во експлозија во фабрика за пиротехнички средства

Седум лица загинаа, а 13 се повредени во експлозија која се случила во фабрика за пиротехнички средства во кинеската провинција Хунан.

Локалните власти соопштиле дека до експлозијата дошло при илегално производство, пренесува АП.

Менаџерите на фабриката се уапсени и испрашани, а формиран е тим кој ќе го истражува случајот.

Поради несреќата наредено е запирање на производството во сите фабрики за производство на пиротехнички средства.