Свет 16. ноември 2018. / 09:23

63 загинати 630 исчезнати лица во пожарите во Калифорнија

63 загинати 630 исчезнати лица во пожарите во Калифорнија

Според властите во Калифорнија, најтешко е погоден градот Парадајз, сo 27 илјади жители. Таму пожарот уништи 9 илјади куќи, а градот е претворен во пепел.

Од подрачјето погодено од најсмртоносните пожари во историјата на Калифорнија евакуирани се околу 50 илјади лица.

Околу 9.400 пожарникари во моментов се борат со шумски пожари низ државата.

Претседателот Доналд Трамп за утре најави дека ќе ја посети Калифорнија за да ја испита штетата..