Свет 08. мај 2019. / 13:12

Германија: 6,2 милиони луѓе не умеат да прочитаат и разберат текст напишан на германски јазик

Германија: 6,2 милиони луѓе не умеат да прочитаат и разберат текст напишан на германски јазик

Дури 6,2 милиони возрасни германски државјани не умеат да прочитаат и разберат текст напишан на германски јазик, се посочува во ново истражување на германското Министерство за образование. Германија има вкупно 82 милиони жители.

На повеќе од половина од граѓаните со проблеми со читањето, германскиот им е мајчин јазик. Останатите израснале со друг јазик, изјави Анке Гротлускен, една од авторите на трудот под наслов „Лео 2018 – живот со ограничена писменост“.

Според податоците, 78 отсто од германските државјани чијшто мајчин јазик не е германскиот, можат да прочитаат и да разберат сложени текстови на својот мајчин јазик.

Над 60 проценти од лицата со ограничена писменост имаат постојана работа.

Според Синдикатот на вработените во образованието и науката, „толку висок број полуписмени лица е неприфатлив“.