Емануел Макрон изјави дека Франција нема повеќе да прифаќа „комерцијални договори“ со земји кои не го „почитуваат“ Парискиот климатски договор за време на говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации.
Францускиот претседател повика придржување до трговските правила кои „гарантираат фер конкуренција на рамноправна основа“ за време на својот денешен говор, по попладневниот состанок со Доналд Трамп и говорот на американскиот претседател во понеделникот изутрина. Макрон пркосувајќи му на Трамп, истакна дека веќе нема да преговара за трговски договори со САД по неговото повлекување од климатскиот договор минатата година.
„Нема веќе да потпишуваме комерцијални договори со сили кои не го почитуваат Парискиот договор“, рече Макрон без директно да посочи на Трамп или на САД, пренесе Индепендент.