Свет 04. јуни 2018. / 09:44

46 загинати мигранти во брод кој потона

46 загинати мигранти во брод кој потона

Во близина на крајбрежјето на Тунис потона брод со мигранти, а животот го загубија 46 луѓе.

Министерството за одбрана на Тунис соопшти дека се превртел брод со мигранти во близина на јужното крајбрежје на Тунис, како и оти крајбрежната стража спасила 67 луѓе.

Како што пренесува Ројтерс, во соопштението е наведена дека меѓу мигрантите ималои државјани на Тунис, но и други држави.

Криумчарите се повеќе го користат Тунис како точка за поаѓање за мигрантите кои одат во Европа, ддодека од друга страна, крајбрежната страна на Либија со помош на вооружените сили ја засилува контролата за криумчарење.

Безбедносните претставници велат дека на брото имало околу 180 мигранти, меѓу кои 80 од нив биле од други африкански држави.

Невработени Тунижани и државјани на други африкански држави често се обидуваат во импровизирани бродови да стигнат до Сицилија.