Свет 28. јули 2019. / 16:33

40.000 литри нафта се излеаја во јужниот Пацифик

40.000 литри нафта се излеаја во јужниот Пацифик

Чилеанските власти ја истражуваат нафтената дамка што настанала со излевање на 40.000 литри нафта кај
еден остров во јужен Пацифик, сооопшти чилеанската морнарица.

Рударската компанија ЦАП соопшти дека дамката настанала поради излевање на нафта од нивниот терминал на островот Гуарело, јавија британските медиуми.

Чиле почна акција за сузбивање на последиците од излевањето на нафтата врз околината, а причината зошто дојде до загадувањето се уште се испитува, соопшти морнарицата.