Опасноста од корона вирусот за сите групи граѓани, а не само за јавозрасните ја покажува случајот со 34-годишниот Емануел Ренци од Рим кој починал по брза компликација, откако се заразил со Ковид-19. Тој бил примен на интензивна нега во клиника во Рим, но починал шест дена подоцна.
Ренци престојувал во Барселона од шести до девети март и при враќањето од Шпанија се почувствувал лошо.
Сепак, првиот ден по одморот Емануел се вратил на работа во Центар за повици. Првично имал температура и откако тестот за корона се покажал позитивен, тој бил примен во болница.
Според неговиот татко, Емануел спортувал и не пушел. Сите пријатели на Емануел велат дека бил исклучително здрав човек со волја за живот.
Според весникот „Република“, ќе се направи обдукција на телото за да се утврди смртта и дали Емануел страдал од некој друг здравствен проблем.