Свет 10. март 2019. / 22:42

32 патници се повредени за време на летот од Истанбул за Њујорк

32 патници се повредени за време на летот од Истанбул за Њујорк

Дури 32 патници на летот на „Туркиш ерлајнс“ се повредени за време на летот од Истанбул за Њујорк, поради турбуленции 45 минути пред слетувањето.

Според аеродромските служби, авионот безбедно слетал, а повредените од аеродромот „Џoн Ф. Кенеди“ се пренесени во болница.

Патниците претежно се здобиле со посекотини и модрици, а една стјуардеса ја скршила ногата.

Боинг 777 со 326 патници и 21 член на екипажот летале над Атлантикот кога влегол во турбуленции.