Свет 19. септември 2020. / 13:30

Тајвански ловци пресретнаа кинески авиони

Тајвански ловци пресретнаа кинески авиони

Министерство за одбрана на Тајван соопшти дека денеска тајвански авиони ловци полетале откако авиони на кинеското воено вздухопловство втор ден по ред навлегуваат во идентификациската зона на тајванската противвоздушна одбрана.

– Дванаесет ловци Ј-16, два ловци Ј-10, два ловци Ј-11, два бомбардера Х-6 и еден протвморнарички авион Ј-8 ја поминаа централната линија на Тајванскиот Теснец и навлегоа во југозападната идентификациска зона на противвоздушната одбрана на Тајван, се наведва во соопштението на тајванското Министерство за одбрана.

За Кина, Тајван е дел од нејзината територија, а воздушниот инцидент предизвика дополнителни тензии помеѓу Пекинг и Тајпеј во момент кога висок американски дипломнат е во посета на Тајван.