2019 година ќе биде една од трите најтопли години регистрирани од 1850 година, се наведува во соопштението на Обединетите Нации објавено на конференцијата за клима (COP25) во Мадрид.
Тековната година ќе заокружи една деценија „исклучителна жештина“, погодена од шумски пожари, суши и топлотни бранови.
Според Светската метеоролошка организација, помеѓу јануари и октомври, светската просечна температура била околу 1,1 степен Целзиусов повисока отколку во периодот 1850-1900 година.
Така, 2019 година се наоѓа на второто или третото место, по најжешката, 2016 година, кога високите температури придонесоа за природниот феномен „Ел Нињо“.
Светската метеоролошка организација оценува дека декадата 2010-2019 година „сосема сигурно“ ќе биде најжешката досега регистрирана.