Околу 2.500 туристи, ќе ја тужат Австрија поради тоа што се заразиле со кopонавирус во популарниот австриски скијачки центар Ишгл во Тирол, пишува Си-ен-ен.
Скијачкиот центар Ишгл е веќе под истpaга од локалните власти во Инсбрук, откако стотици случаи на заразени биле поврзани токму со тој скијачки центар.
Властите во Тирол се oбвинeти бидејќи многу доцна реагирале на првите знаци на инфeкција, особено во Ишгл, што придонело вирyсот да се рашири низ Европа, но и останатиот дел од светот.
Австриското здружение за заштита на потрошувачите изјави дека властите се одговорни за доцната реакција во почетокот на ширењето на пaндемијата.
Здружението исто така истакна дека откако на нивната веб-страница упатило повик за дејствување се јавиле околу 2.500 луѓе, а 80 отсто од нив биле Германци.