Свет 18. март 2020. / 22:22

Корона вирус: 99 отсто од жртвите во Италија веќе биле болни

Корона вирус: 99 отсто од жртвите во Италија веќе биле болни

Додека италијанските власти ги бројат починатите од новиот коронавирус, податоци од новата студија што ја објавија покажуваат дека повеќе од 99 проценти од жртвите страдале од претходна болест.

Според најновите податоци во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 починале 475 луѓе, што е најмногу до сега. Во Италија досега животот го загубија осум отсто од заразените.

Студијата ја анализирала медицинската историја на приближно 18 проценти од сите што починале и откриле дека само три лица немале претходно болест. Речиси половина од починатите имале најмалку три болести и една четвртина имала една или две болести пред коронавирусот.

Исто така, истражувањето покажа дека 75 отсто од луѓето кои починале, имале висок крвен притисок и 35 отсто имаат дијабетес, додека третина имале срцеви заболувања.

Просечната возраст на заразените е 63, но повеќето од оние кои починале биле постари, а во Италија просекот е 79,5 години.