Свет 01. март 2020. / 18:50

Стравот од коронавирусот го затвори и Лувр

Стравот од коронавирусот го затвори и Лувр

Епидемијата на вирусот корона, денеска го затвори францускиот музеј Лувр.  Вработените кои чуваат вредни уметнички дела стравуваат дека ќе се заразат затоа што има  посетителите од целиот свет.

„Ние сме многу загрижени затоа што имаме посетители од сите страни“, рече претставникот на синдикатот на вработените во музејот, Андре Сакристин.

„Ризикот е многу, многу, многу висок. Иако, засега, 2.300 музејски работници немаат потврда дека некој е заразен со вирус, тоа е само прашање на време “, рече тој.

Во кратката изјава од Лувр се наведува дека поради состанокот на персоналот за напорите за превенција на вируси, музејот не бил отворен утрово,  според предвиденото.  Ова попладне, посетителите сè уште чекаа да влезат во музејот. Затворањето на музејот уследи по вчерашната одлука на Владата за забрана на јавни собири со над 5.000 лица во затворено.

Сакристин рече дека новата мерка го зголеми стравот кај вработените во Лувр дека тие се во опасност да бидат заразени, бидејќи музејот пречекува десетици илјади посетители секој ден.

Исто така, персоналот е загрижен за колегите од северна Италија кои дошле во Лувр да ги преземат делата на Леонардо да Винчи што ги позајмиле за големата изложба.

За понеделник е закажана средба меѓу претставниците на синдикатот и раководството на музејот за превенција на вируси, рече Сакристин.