Свет 07. август 2019. / 14:56

18 загинати и над 100 повредени при експлозија на автомобил-бомба во Кабул

18 загинати и над 100 повредени при експлозија на автомобил-бомба во Кабул

Во експлозијата на автомобил бомба, што рано утринава се случи пред полициска станица, во западниот дел на Кабул, досега загинаа 18 лица, а над 100 се поврдени.

Локалната телевизија ЛОЛ објави дека меѓу повредените најмногу има цивили, од кои повеќето се жени и деца.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците кои во краткото соопштение наведоа дека се убиени многу војници и полицајци.