Свет 20. јули 2018. / 20:18

17 настрадани во бура во САД

17 настрадани во бура во САД

Во несреќа на туристички брод што се преврте за време на бура во САД загинаа 17 лица, соопштија властите.

Нуркачите денеска ги пронашле телата на последните четири исчезнати лица.

Бродот со кој се превезувале 31 лице, се преврте синоќа на езеро во сојузната држава Мисури. Истражителите истакнаа дека причина за несреќата биле лошите временски услови и ветрот што дувал со брзина од 105 километри на час. Според наводи на очевидците, бурата почнала изненадно.