Свет 25. април 2018. / 13:25

13 камиони се наредиле под надвозник за да спречат човек да се самоубие (ФОТО)

13 камиони се наредиле под надвозник за да спречат човек да се самоубие (ФОТО)

Полицијата на американската држава Мичиген на уникатен начин решила да спречи човек што се заканувал дека ќе скокне од надвозникот над автопатот.

Вторник, рани утрински часови, а сите ленти на автопатот 696 во Мичиген се празни. На надвозникот човек се заканува дека ќе изврши самоубиство.

Под надвозникот 13 камиони со приколки паркирани за да го ублажат падот доколку реши да скокне.

 

Дали необичниот потег на полицијата му помогнал на мажот да се откаже од својата намера не се знае, но набргу по наредувањето на камионите тој реши да слезе од работ на надвозникот.