Жителка на Истанбул е еден од највозрасните луѓе во светот, која го победи коронавирусот за 7 дена.
107-годишната Хавахан Карадениз беше примена на Истражувачката клиника во Истанбул на 7 април со тешка кашлица и треска. Тестот за коронавирус се покажа како позитивен. Таа успеа да се опорави за една недела, соопшти Агенцијата Анадолија. Лекарите веруваат дека таа успеала во толку кратко време да ја надмине болеста заради силниот имунитет и во моментот е под карантин. За неа се грижат само нејзините внуци.
Ова не е прв случај на закрепнување на стогодишни од COVID-19. На 9 април, холандската новинска агенција објави дека 107-годишната Корнелија Рас од мало село во јужниот дел на Холандија е најстарото возрасно лице во светот кое се излечи од коронавирусот. Во моментот на отпуштањето од болницата (6 април), таа имала 107 години.
Деновиве беше пријавен излекувањето од COVID-19 на 106-годишната британка Кони Тијан и 105-годишната жителка на Шпаниј, Евариста Рубио.
Вистински впечаток е дека сите излекувани стогодишници се жени.