Свет 06. април 2020. / 12:39

104-годишна старица од Италија преживеа две светски војни, а го победи и корона вирусот

104-годишна старица од Италија преживеа две светски војни, а го победи и корона вирусот

Старица од северна Италија која треба да го прослави својот 104 роденден во август, ја победила болеста предизвикана од корона вирусот.

Ада Занусо се разболела на почетокот на март во Домот за нега на стари лица „Марија Грација“ во провинцијата Биела, на околу 100 километри западно од Милано. Во истиот дом, 21 други штитеници починаа на вируот Ковид-19, пренесува италијанскиот весник „Ла Република“.

Некој горе заборави на мене – вели старицата Занусо.

Нејзиниот син, Џампјеро вели дека тој минал тежок период откако кај Ада бил дијагностициран вирусот.

Беше лошо во почетокот на март. Таа имаше треска и повраќаше. Не можев да ја најдам затоа што посетите беа забранети поради пандемијата, но можев да разговарам со неа секој ден. Се разбира, веднаш се сомневав дека може да биде коронавирус, затоа што веќе имаше неколку инфекции во старечкиот дом – вели Џампиеро.

Тој вели дека мајка му сè уште чита без очила, љубопитна е и постојано сака да знае што прават.