Свет 16. април 2019. / 10:16

100 милиони евра помош за обнова на Нотр Дам ќе даде француски милијардер

100 милиони евра помош за обнова на Нотр Дам ќе даде француски милијардер

Францускиот милијардерот Франсоа-Анри Пино соопшти дека неговото семејство ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата.

Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр-Дам, напиша Пино во соопштението до медиумите.

Пино е прв човек на компанијата Керинг, која е сопственик на познати брендови Гучи и Сен Лорен и претседателот на компанијата која ја поседува познатата аукциска куќа Кристис.

Неговата сопруга е позната актерка Салма Хајек.