Шпанската полиција ја извлече кон брегот подморницата со дрога во која се наоѓаа три тони кокаин.
На подморница долга околу 20 метри, откриена во близина на брегот на Понтеведра во Галиција, пронајдени се 152 пакувања со дрога вредни повеќе од 100 милиони евра.
Иако првично беше објавено дека таа транспортира еден тон кокаин, се покажа дека количината е за трипати поголема.
Двајца државјани на Еквадор се уапсени додека се трага по трет член на екипажот, инаку шпански државјанин.
Откриено е и дека оваа подморница е направена во тајно бродоградилиште во џунглите на Суринам или Гвајана со специфична цел за транспорт на кокаин од Колумбија во Шпанија.