Спорт 29. април 2018. / 10:12

За место во бијатлонскиот тим се „плаќало“ со – секс

За место во бијатлонскиот тим се „плаќало“ со – секс

По серијата допонг скандали кои го потресоа рускиот спорт, нов скандал, но овојпат сексуален излезе на виделина, затоа што тренерот на бијатлонците и бијатлонките и нудел место во репрезентацијата во замена за секс

Сергеј Тутмин на една 17-годишна бијатлонка и понудил место во националниот тим, ако имаат секс. Министерот за спорт на московскиот регион, Роман Терјушков изјавил дека Тутмин на младата бијатлонка и понудил „голема перспектива со националниот тим, ако ги исполни сите негови барања.

Тренерот веднаш бил отпуштен и веќе нема да може да работи како тренер, а целиот случај е проследен и до јавното обвинителство. Обвинетиот Тутмин не сакал да го коментира целиот случај, но изјавил дека сите обвиненија против него се лажни.

„Сè е тоа добро смислена провокација“, кратко рекол Тутмин.

Министерот Терјушков, пак, дополнил дека 17-годишната бијатлонка ќе добие „комплетна поддршка и заштита“ за да ја продолжи својата кариера.