Спорт 16. јули 2018. / 12:36

Вистинска ѕвезда: Стотици поддржувачи го пречекаа Роналдо во Јувентус (ВИДЕО)

Вистинска ѕвезда: Стотици поддржувачи го пречекаа Роналдо во Јувентус (ВИДЕО)

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо пристигна на стадионот на неговиот нов клуб Јувентус, каде што ќе ги помине медицинските прегледи.

Роналдо беше пречекан од стотици поддржувачи на „старата дама“ и без двоумење застана и даде автограми и се фотографираше со некои од најсреќните поддржувачи.

Подоцна, Португалецот се очекува да биде официјално претставен и
како играч на Јуве, откако премина во Торино од Реал Мадрид за 112 милиони евра.