Спорт 02. декември 2018. / 12:24

(ВИДЕО) Неверојатно: Македонскиот „тигар“ за само 12 секунди го нокаутира Французинот

(ВИДЕО) Неверојатно: Македонскиот „тигар“ за само 12 секунди го нокаутира Французинот

Македонецот Ален Амедовски за само 12 секунди да го нокаутира Французинот Ибрахим Мане (7-2) на настанот Белатор Џенова во Италија, пренесе Спортски.

Ова за Амедовски беше осма победа во исто толку мечеви во својата досегашна кариера во ММА, во категоријата до 84 килограми.

Македонскиот „Тигар” тргна со серија од неколку крошеа со што го покоси Мане со технички нокаут за само 12 секунди.

Ален како и секогаш, и после оваа борба прослави со гордо кренато македонско знаме.