Спорт 24. декември 2020. / 09:53

(ВИДЕО) Навивачите на Милан прославија по победата со Лацио

(ВИДЕО) Навивачите на Милан прославија по победата со Лацио

Клупскиот автобус на лидерот во Серија А беше испратен на спектакуларен начин по победата со Лацио од 3:2.

Милан ја заврши 2020 година како лидер во Калчото, по драматичната победа против Лацио со 3:2, со голот на Тео Ернандес во последните моменти, што донесе експлозија од радост кај Росонерите.

Curva Sud Post Match from r/ACMilan

Триумфот го прославија и навивачите на Милан, кои чекаат титула во Серија А цела деценија, по апсолутната доминација и 9 титули по ред на Јувентус.

Голем број симпатизери на Росонерите приредија спектакл крај патот по кој минуваше клупскиот автобус на Милан, а и буквално гореше Милано во чест на лидерот во Серија А.

Последното од вкупно 18 Скудета што ги има Милан го освои во сезоната 2010/11.