Спорт 18. ноември 2018. / 12:17

(ВИДЕО) Хорор на Формула: Возилото се распадна и излета од патот

(ВИДЕО) Хорор на Формула: Возилото се распадна и излета од патот

Гледачите на трката на Формула 3, за големата награда Макау, останаа запрепастени по страшната несреќа која му се случила на Софија Флорш.

На почетокот на трката и пред инцидентот на првата кривина, сигурносното возило морало да го контролира темпото на трката неколку кругови. Кога трката продолжи, гледачите сведочеа за страшната несреќа на германсаката жена возач.

Инаку, Флорш погрешно ја процени брзината на возилото пред себе, па удри во него, со што нејзиното возило излета, па удри во конструкцијата до патот.

Детали за инцидентот сеуште нема. Погледнете: