Спорт 16. ноември 2018. / 22:22

(ВИДЕО) Барди со гол од слободен го отвори „бункерот“ на Лихтенштајн!

Најдобриот македонски изведувач на слободни удари, Енис Барди, уште еднаш ја потврди својата класа и го „отвори“ бункерот на Лихтенштајн со гол од слободен удар (0-1).

Фудбалерот од средниот ред доби шанса да шутира од дваесетина метри и ефектно го совлада противничкиот голман.

Македонија имаше голем притисок на оваа средба, но на првиот гол чекаше на стартот на второто полувреме.