Спорт

Вардарката Драгана Цвијиќ е единствената дама во ол-стар тимот на сезоната во Лигата на шампионите

Вардарката Драгана Цвијиќ е единствената дама во ол-стар тимот на сезоната во Лигата на шампионите

Кружниот напаѓач на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ е единствената „црвено-црна“ дама во ол-стар тимот на сезоната во Лигата на шампионите.

Сепак таа како голем играч заслугата ја препишува на целиот тим.

„Ова награда пред се е заслуга на тимот. Без тимот, ништо немаше да биде можно. Сите одигравме одлична сезона и се чини дека требаше да дојдат во Вардар за да добијам вакво признание“, се пошегува Цвијиќ.

Што се однесува до полуфиналниот ривал, Ростов Дон, пикерот потенција:

„Ростов е незгоден ривал, тим кој како одминува сезоната така игра се подобро и подобро. Сепак, нашата цел е јасна – финале и ќе се потрудиме да стигнеме до него.“