Кружниот напаѓач на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ е единствената „црвено-црна“ дама во ол-стар тимот на сезоната во Лигата на шампионите.
Сепак таа како голем играч заслугата ја препишува на целиот тим.
„Ова награда пред се е заслуга на тимот. Без тимот, ништо немаше да биде можно. Сите одигравме одлична сезона и се чини дека требаше да дојдат во Вардар за да добијам вакво признание“, се пошегува Цвијиќ.
Што се однесува до полуфиналниот ривал, Ростов Дон, пикерот потенција:
„Ростов е незгоден ривал, тим кој како одминува сезоната така игра се подобро и подобро. Сепак, нашата цел е јасна – финале и ќе се потрудиме да стигнеме до него.“