Давид Дејвис Камара, асистентот на Раул Гонзалез во редовите на РК Вардар, официјално е именуван за нов селектор на Египет и ќе ја води репрезентацијата кон Светското првенство (СП) кое се игра во 2019 година.
Дејвис доаѓа на местото на Рагаб кој реши да си поднесе оставка по поразот од Тунис во Африканскиот куп. „Фараоните“ имаат обезбедено пласман на СП 2019, како второпласирани во Африка.
Египет ќе има и уште еден голем ракометен настан, во 2021 година, кога ќе биде домаќин на Светското првенство, за чие домаќиноство ги победи Унгарија и Полска. Дејвис имаше валиден договор со Вардар до крајот на оваа сезона.