Спорт 24. мај 2018. / 19:10

Вардар во поход по нова титула – ракометарите пристигнаа во Келн

Вардар во поход по нова титула – ракометарите пристигнаа во Келн

Вардарци пристигнаа во Келн, каде за два дена започнува фајнал-фор турнирот, на кој Вардар ќе ја брани титулата освоена минатата година.

Актуелниот шампион Вардар оваа сезона е трет најгледан клуб во Лигата на шампионите.

Во просек на натпреварите во Лигата на шампионите кои Вардар ги игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ присуствуваат 5.168 гледачи по натпревар.

Како што кажавме Вардар е трет по гледаноста а пред него се ППД Загреб и Кил.

Најгледен е германскиот Кил кој во својата „Шпаркасен Арена“ скоро секогаш игра пред полни трибини (просек од 9.387 гледачи). Втор на листата ППД Загреб кој и покрај скромните резултати во просек го гледаат 6.663 навивачи на трибините во „Арена Загреб“.