Спорт 17. ноември 2018. / 22:12

Вардар повторно поразен во Лигата на шампионите

Вардар повторно поразен во Лигата на шампионите

Трет пораз за Вардар во Лигата на шампионите. Барселона одново го надигра македонскиот првак, на реванш мечот во „Блауграна” славеше со убедливи 34-26 во мечот на неделата.

Одлично прво и катастрофално второ полувреме на Вардар во „Блауграна” за втор пораз во низа од Барселона (34-26), вкупно трети во Лигата на шампионите оваа сезона. Избраниците на Роберто Гарсија вечерва покажаа две лица. По 16-15 на одморот, се рападнаа. Во првите 15. минути од второто полувреме постигнаа само два гола, далеку од доволно за да се совлада еден тим како што е Барселона.

Иван Чупиќ со пет погодоци од исто толку обиди беше најефикасен, по четири гола Дисингер и Кисељов. На другата страна Каспер Мортенсен имаше девет погодоци.