Спорт 16. јули 2018. / 15:21

Вака ќе бидат дочекани хрватските фудбалери

Вака ќе бидат дочекани хрватските фудбалери

Дочекот на хрватската фудбалска репрезентација која вчера го освои сребрениот медал на Светското првенство (СП) кое заврши во Русија, во живо на плоштадот во Загреб „Бан Јелашиќ“ ќе го следат во живо 250 најугледни телевизиски станици од целиот свет.

Настанот ќе се снима со 60 камери, а хрватската репрезентација на аеродромот ќе ја дочекаат уште 30 камери. Планот е на бината да бидат 23 играчи и никој друг. Нема место за политичари, најавува организаторот.

Авионот на „Кроација ерлајнс“ со кој треба да слетаат фудбалерите има само еден натпис, „Браво огнени“!.

Нема да има политички говори, протокол, ќе има само водители.

Возењето со отворениот автобус кој ќе биде накитен по стандардите на ФИФА во кој капитенот Лука Модриќ и другарите ќе се возат ќе трае околу еден час.

Доаѓањето на фудбалерите на загребскиот плоштад се очекува околу 16.30 часот.