Би-Би-Си јавува дека европската куќа на фудбалот (УЕФА) покренала истрага поради случувањата на натпреварот меѓу ПСЖ и Ливерпул.
Францускиот првак победи со 2:1 и го помина на табелата ривалот од Енфилд, а УЕФА истрагата ја покренува поради баклите кои навивачите на ПСЖ ги користеле на натпреварот.
Францускиот клуб после слични ситуации на натпреварот со Црвена Ѕвезда вети дека „ќе направи се што е потребно“ за да се избегнат слични проблеми, но користењето на пиротехника се повтори.
Одлуката на УЕФА ќе биде позната на 13 декември.