Претседателот на фудбалскиот клуб Сампдорија, Масимо Фереро беше уапсен под сомнение за проневера и перење пари, пренесуваат медиумите на Апенините.
Меѓу сомнителните трансакции е и трансферот на Педро Обијанг кој во 2015 година премина од Сампдорија во Вест Хем за непозната сума на пари.
Овој трансфер го истражуваат органите бидејќи сметаат дека од сметката на клубот исчезнале 1.2 милиони евра. Неправилности се посочени само кај италијанскиот клуб, додека кај Англичаните се е во ред.
Еден од шестмината кои се обвинети за криминални трансакции е и Фереро. Тој преку лажни документи успеал да префрли пари во посебна компанија чии е тој сопственик.
Властите се сомневаат дека од касата на клубот се извадени 2,6 милиони евра преку фалцификувани документи и со кои Фереро успеа да купи имот во Фиренца.